Сите детали за легендарниот српски пејач Шабан Шаулиќ по сообраќајната несреќа во Германија треба дополнително да се испитаат, смета министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

 

Српскиот министер Дачиќ кој бил одличен пријател со кралот на народната музика Шабан Шаулиќ многу тешко ја поднел оваа ситуација.

Дачиќ кој од синот на Шабан Шаулиќ бил замолен да помогне околу неговото префрлување во Србија изјавил дека популарниот пејач од удрениот автомобил излегол сам и дека сите детали мора дополнително да се испитаат.

„Шабан од автомобилот излегол сам, но му било толку лошо што лекарите морале да направат некаква интервенција и да го одведат во болница. Му било лошо, но бил свесен. Тој излегол без траги од повреда. Се жалел на проблеми со грлото, градите и дека нешто го гуши. Лекарите повикале хеликоптер и му дале средство за успивање , потоа тој веќе не се разбудил.

Во болницата направиле реанимација, го отвориле и востановиле дека дошло до компликации со аортата. Обвинителот сега бара обдукција за да се откријат сите причини за Шабан, изјавил српскиот министер Ивица Дачиќ.

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *