Дури 555.000 евра за адвокатски услуги во текот на минатата година, потрошило скопското јавно претпријатие Водовод и канализација откако на местото директор дојде Душко Весковски.

Еден од 17-те ангажирани адвокати бил организацискиот секретар на СДСМ и советник на премиерот Зоран Заев, Миле Зечевиќ, кој инкасирал 77.000 евра, објави Истражувачката репортерска лабораторија.

Според А1 он, пак, со смената на локалната власт на листата на адвокати на скопското јавно претпријатија влегле адвокатското друштво „Де леге“, чиј косопственик е пратеничката од СДСМ Снежана Калеска – Ванчева, поранешната министерка за правда од редовите на СДСМ Мери Младеновска, адвокатското друштво Ристовски-Вујиќ поврзано со актуелниот заменик министер за правда Оливер Ристовски, како и Стевица Јосифовски, кој неодамна беше избран за член на Агенцијата за електронска комуникации.

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *