Алијансата на Села прашува зошто нема албански на новите банкноти, откако од Народна банка соопштија дека првите пари со новото име на државата ќе бидат пуштени во оптек на почетокот на наредната година, но новите банкноти од 500 и 10 денари нема да бидат испишани и на албански.

„Најавата на гувернерката на Народната банка, дека новите банкноти со новото име на државата ќе бидат без албански јазик и само на македонски јазик, ја вади на виделина демагогијата и чаламењето на ДУИ, која постојано на предизборни кампањи и во телевизиски дебати истакнуваше дека новите банкноти и полициски униформи ќе бидат и на албански јазик“, реагираат од Алијансата на Албанците според која ваквата одлука е неправедна и е во спротивност со Законот за употреба на јазиците.

Од парттијата на Зијадин Села обвининуваат дека коалицијата СДСМ-ДУИ кои постојано се повикуваат на двојазичност не е доволно подготвена целосно да го имплементира Законот за јазиците.

Од Алијанса за Албанците му порачаа на премиерот Зоран Заев дека повторно ќе има избори на кои тој и неговата партија не ќе можат да манипулираат со Албанците со јазична еднаквост

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *