Претседателот на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, пратеникот Павле Богоевски, најави седница за следната недела на која треба да се rасправа за одземање на пратеничкиот мандат на пратеникот Никола Груевски.

Богоевски беше известен од претседателот на Собранието Талат Џафери дека Груевски отсуствувал од работа повеќе од шест месеци без оправдување со што се исполнети условигте да почне постапка во парламентот за одземање на неговиот мандат. 

„Во овој случај кога се работи за одземање на мандат, а не за притвор, немаме итна ситуација. Бидејќи треба да се соберат сите податоци и треба да се разгледаат изостаноците на пратеникот, седницата на комисијата планирам да ја свикам следните денови односно на почеток на следната недела“, рече Павле Богоевски, Претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Доколку комисијата изгласа да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски, за тоа Собранието ќе мора да расправа на првата наредна седница. За пратеник да остане без својот мандат, потребни се 80 гласови.

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *