Павле Богоевски ја напуштил полициската станица Беко, откако сам се пријави дека по телефон нарачувал масло од канабис за болната сестра. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од органите на прогонот, случајот од утре го презема Јавното обвинителство на Скопје, а предмет на истрага ќе биде таксистот кој возејќи го Богоевски, неовластено го снимал што зборува на телефон.

Богоевски и додека бил во полициската станица попладнево некој тајно го фотографирал. Фотографијата беше објавена од „Курир“, а потоа презедена и од други медиуми.

Нашите соговорници велат дека случајот е ургентен и оти лицето што неовластено снимало треба МВР веднаш да го најде и обвинител, т.е. судија на претходна постапка да го лиши од слобода. За неовластено снимање на граѓани пропишана е затворска казна од 5 години.

Богоевски денеска отиде во полициска станица откако на сајт регистриран во Русија беше пуштена аудио снимка од Богоевски како разговара на телефон и како нарачува, како што вели тој, масло од канабис за близок болен член од семејството, а не кокаин како што тврди на сајтот. Јавно побара да му биде направен тест за наркотички дроги како доказ дека ја зборува вистината. Не е познато дали во полициската станица било исполнето неговото барање, со оглед на тоа дека не е фатен со дрога, па да го тестираат, туку се пријавил дека место од аптека, нарачувал како што вели канабис од друго место.

Извор: www.sdk.mk

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *