На 16.05.2019 година во 02.27 часот во СВР Скопје, А.П. пријавил дека во угостителски објект во Горно Лисиче, 26 годишник од Скопје му се заканувал со пиштол. Исто така, според пријавата, А.П. со негови пријатели успеале да му го одземат пиштолот и да го задржат 26 годишникот до доаѓањето на полиција.

Лицето било приведено и предадено во Полициска станица Аеродром, а пиштолот бил одземен.

По целосно документирање на случајот против 26 годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *