Еден од осудените за „Диво Насеље“, бил задолжен само за варење кафе и готвење ручек, рече адвокатот Еленко Миланов, кој во одбрана на својот клиент, Руфки Догани тврдеше оти тој не пукал во припадниците на безбедносните служби.

-На една од пушките најдена во тоалет во куќа има траги од лицето Руфки Догани. Тој во оваа куќа подготвувал јадење и кафе, а обвинителството со ниту еден доказ или податок не докажа дека тој употребил пушка. Ако на оружјето има епител од Руфки тоа може да значи дека тој само ја поместил пушката“, тврдеше пред апелациските судии адвокатот Миланов.

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *