Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа кај старата патарина кај Градско. ДО несреќата дошло кога товарен камион се удрил во бетонските столбови од старата патарина кај Градско., по што се превртел.

Станува збор за столбовите од некогашната патарина, која сега е преместена, но се уште стојат на автопатот без никаква сигнализација. Така оставените бетонски столбови предизвикуваат сериозна опасност за возачите, особено навечер кога видливоста, а со тоа и можноста да се забележат столбовите е многу мала.

Неофицијално, возачи што често минуваат по патот велат дека ова не е прв случај некој да се удри во столбовите, туку дека тоа се слуило веќе неколку пати откако патарината е преместена.

Сличен проблем имаше и на автопатот од Скопје кон Куманово, каде што долго време старата патарина не беше целосно отстранета.

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *