Македонија се подалеку од Европа. Австрискиот вицеканцелар поднесе оставка откако беше објавено скандалозно видео, а пратеникот Богоевски може да продолжи да си нарачува „половинки“ бидејќи е власт и никој ништо не му може.

Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристиан Штрахе поднесе оставка од функцијата откако синоќа беше објавено видео на  кое се гледа како тој за бизнис услуга бара финансиски надомест од девојка која се претставува како внука на руски олигарх.Штрахе иако вели дека не ги крши законите, сепак признава дека тоа исклучително засрамувачка, пијана афера. Токму затоа од морални причини и за да ја спаси коалицијата на неговата Слободарска партија на Австрија со Австриска народна партија на канцеларот Курц, тој денес му ја поднел својата оставка.– Ја поднесов мојата оставка како заменик-канцелар на Австрија на канцеларот Себастијан Курц и тој ја прифати оваа одлука, изјави Штрахе по средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц.Веднаш после него оставка поднесе и Јохан Гуденус, потпретседателот на неговата партија кој присуствувал на настанот објавен на видео снимката и притоа изјави дека жали за целиот настан и за тоа што ги разочарал гласачите и соработниците.– Сакам да искажам длабоко жалење поради настаните од пред две години. Жал ми е што ги разочарав гласачите, функционерите и соработниците кои имаа доверба во мене, изјави Гуденс по поднесување на оставката од сите партиски функции.За разлика од нив, пратеникот Павле Богоевски не поднесува оставка иако призна дека врши нелегални и незаконски дејствија, откако на интернет се појави снимка за која стои дека тој нарачува кокаин.Богоевски негираше дека купувал кокаин туку канабис масло и притоа самиот признава дека го крши законот. И  покрај признанието и бурните реакции во јавноста тој  сепак нема чувство за морална одговорност ниту спрема македонската јавност, гласачите, но и соработниците и не поднесува оставка.

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *