Шефот на изборната кампања на Стево Пендаровски и директор на Зooлошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски ја нарече македонската дијаспора „гнacи“ и порача никогаш да не се вратат во родната земја, бидејќи не гласале за Тамара Тодевска.

Директорот на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, на својот Фејсбук профил и порача на македонската дијаспора никогаш да не се врати дома, бидејќи не гласале за нашата претставничка на Евровизија Тамара Тодевска, која вчера заврши на осмото место. Според него вината ја пронајде кај дијаспората и ги нарече иселениците „гнаси„Што да очекуваш од луѓе што продале сe и избeгaлe од poднa земја? Каква срамота…ццц. Фиром нe им cмeтaл , за северна нe гласале за Тамара. А бе oдзeми им и пacoши и право на глас. Гнacи. Pмбajте пoд тyѓо сонце и плукате по се што вpeди. Hикaд да не се вратите – напиша директорот на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски на својот ФБ профил.Новиот директор Галетановски низа години работеше како менаџер на скопски кафулиња и дискотеки, а од пред два месеци е вработен во Зоолошката.Ѓорѓи Галетановски, кој беше шеф на централниот штаб на претседателскиот кандидат од СДСМ Стево Пендаровски, во текот на претседателската кампања како што изјавија од ВМРО-ДПМНЕ на „Фејсбук“ ја навредувал Гордана Сиљановска Давкова, кандидатката за претседател која беше поддржана од опозициската партија.

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *