Секторот за внатрешни работи во Куманово поднесе кривична пријава против поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за злоупотреба на службената должност и овластувања при вработување на 100 приправници.

СВР Куманово:

Гордана Јанкуловска, поранешен министер за внатрешни работи на Република Македонија, во текот на 2012 година, во повеќе наврати избегнувајќи ја законската регулатива за вработување на приправници во отворена и јавна постапка со објавување на јавен оглас се обратила до Министерството за финансии со барање за обезбедување на финансиски средства за вработување на 70 лица – приправници со високо образование и 30 лица – приправници со средно образование.“

Во соопштението од МВР се вели дека Јанкуловска во барањето истакнала дека за пет места со високо образование ќе се објави оглас, а за 70 приправници со високо образование и 30 со средно образование, вработувањето ќе се одвива без оглас, со обезбедување на финансиски средства за бруто плата за 30 приправници со средно во висина од 15.028 денари за едно вработено лице.

СВР Куманово:

На 06. 06. 2012 година пријавената, за работно место за кое е предвидено четиригодишно стручно образование, вработила лице – сопруга на висок полициски функционер во МВР која е со несоодветно образование односно со тригодишно средно образование, за што склучила Договор за вработување со целосен износ на месечна плата од 620 бодови, без внесена клаузула приправник. На тој начин бил избегнат задолжителниот намален износ на исплата на месечна плата додека трае приправничкиот стаж со што пријавената го оштетила МВР и буџетските средства во периодот од 6.06.2012 година досега во износ од 1.724.885 денари.“

Продолжението на судското рочиште за случајот „Тенк“ каде исто така е обвинета Јанкуловска е закажано за 3 октомври кога се очекуваат да бидат изречени завршните зборови.

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *