Утрово вo 08.15 часот на улица „Благоја Стефковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од село Колешино, струмичко, а управувано од М.Г.(35) од Скопје и патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(58) село Трубарево, скопско.

Возачот на возилото „Фиат“-В.М. починал на местото, а смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *