Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на средбата во Њујорк со косовскиот претседател Хашим Тачи, вети поддршка за Косово за обезбедување нови признавања на независноста, како и за зачленување во Интерпол на Генералното собрание на организацијата, што во ноември ќе се одржи во Дубаи, соопшти кабинетот на Тачи.

На средбата одржана во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации, двајцата претседатели разговарале за продлабочување на билатералната соработка, зголемување на трговската размена и соработката во полиња од заеднички интерес.

Според соопштението, како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тачи го информирал турскиот претседател за финалната фаза од дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и за неопходноста од постигнување конечен и правно обврзувачки договор.

Претседателот Ердоган изјавил дека го поддржува постигнувањето договор меѓу двете земји, се наведува во соопштението од кабинетот на Тачи

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *