Италија е во очекување на досега најголемата бура во историјата. Според првичните прогнози , со ураганот ќе бидат зафатени и Грција и Турција

Според италијанските медиуми , ова е прв пат во Медитеранот да се формира ураган од прва или втора категорија. Метеоролозите велат дека станува збор за најголем ураган откако постојат мерењата со очекувана брзина на ветрот од најмалку 160 километри на час. Ураганот својата најголема силина ќе ја достигне денеска , а вечерва ќе удри на Сицилија , а потоа и на Сиракуза , Катанија и Јонска Калабрија.

Ураганот , кој може да предизвика и човечки жртви , настанал поради високите температури на Јонското , Егејското и Либијското Море , повисоки дури за 8 степени од просекот за овој период од годината.

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *