Американката Дилејни Ла тврди дека на лет со авиокомпанијата Делта Ерлајнс седела до пијан патник кој ја допирал непристојно додека спиела, и откако се пожалила, и понудиле ваучер од 200 долари.

Девојката сега ја тужи авиокомпанијата за навредливата понуда, како и затоа што непрекинато му служеле алкохол на пијаниот патник, а кога се случил сексуалниот напад, таа не добила никаква заштита.

– Дури му испратив и „загрижен поглед“ на човекот од екипажот што му точеше алкохол на патникот, но тој не направи ништо за да му даде до знаење дека ми е непријатно, изјави таа.
Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *