Српската војска и натаму останува во состојба на целосна борбена готовност , поради вчерашните настани на акумулацијата ,,Газиводе”.

Тој информира дека денеска имал состанок со началникот на Генералштабот на армијата Милан Мојсиловиќ и со врховниот командант и претседател на Србија , Александар Вучиќ , каде било решено за степенот на борбена готовност и биле споделени информации за зададените задачи.

Вучиќ наредил постигнатото ниво на борбена готовност да се задржи и натаму , а за евентуална промена ќе следува нова заповед.

Вчера Вучиќ нареди да се стави војската во воена состојба поради настаните на Газиводе , каде беа затворени четворица работници , кои биле малтретирани од косовските специјалци.

Околу браната имало стотина вооружени косовски специјалци , кои според властите на Косово , биле таму со цел да ја обезбедуваат посетата на претседателот Хашим Тачи на северот на Косово.

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Inline
Inline