Десетици приврзаници за незавсност на Каталонија насилно влегоа во зградата на каталонската влада во градот Гирона , го сиимнаа шпанскот и го поставја каталонското знаме.

Некои од активистите имаа лица прекриени со шамии. При упадот во зградата , полицијата и обезбедувањето не успеаја да ги спречат.

Пред упадот , една група приврзаници на независноста на Каталонија ја зазедоа железничката станица и со седење на праговите го блокираа сообраќајот. На други места блокираа патишта.

Низ цела Каталонија денеска се одбележува годишнината на забранетиот референдум за отцепување на Каталонија од Шпанија .

Градот Гирона е едно од нивните упоришта, каде порано градоначалник беше Карлес Пучдемон под чие водство на 1 октомври минатата година беше организиран референдум спротивен ан шпанскиот Устав.

Тој сега е во егзил во Белгија , каде избегнува затворска казна во Шпанија.

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *